Wednesday, August 22, 2007

Никој да не знае

Никој, ама , баш никој!

Дека бевме толку многу пијани. што е чудо како не изгинавме во сообраќајка!
Дека на ништо не личеше тоа што го направивме!
Дека не се сеќавам на 80 проценти од вечерта!
Дека не сакам никогаш тоа да се повтори!
Дека требаше да ме однесеш дома, а не таму каде што ме однесе!
Дека требав да речам ДЕФИНИТИВНО НЕ!

Friday, June 22, 2007

Авантурите на една љубовна проститутка


Како ли господе да му објаснам!

Се си почна нормално. Не ни можев да знам што ме чека. Само што и сестра ми беше со мене. А, тоа не се случува често деновиве!

Стојам во црно облечена - како соблечена и ги гледам. Ме гледаат и знаат дека не се шалам кога се шалам и дека вистина кажувам. Пак падна муабетот за проституција. З ми вика некој си Газда барал асистентки до 30 години и им плаќал по 5000 евра месечно! Па да, си велам јас во себе. Сигурно бара нешто посебно, а не некои шупливи! И, вистина ,ми вика З, од прва рака знам! Му верувам. Во мене се раѓа чуство на можност. Разумот не вели не. Д (пак тој, да!) се премислува, оваа вечер идејата му се чини поблиска. Сака да ме изнервира. Му успева (зошто ли господе?!)

Се смејам, се шалам. Во себе си мислам - што е тоа што ги тера мажите да сонуваат за некоја жена? Знам - мене тој што ме знае не ме сонува! Тој што ме запознал - ме мрази! Строга сум. Би рекла искрена. Кога би знаеле само дека зад сета таа строгост се крие фрагилност би нападнале како варвари! Ама, не. Сите гледаат во сестра ми. Кротка е. Слабичка е. Со долга коса. Изгеда како да не требе многу да се потрудат за да ја освојат.(а реков ли дека е постара, ама сите не грашат?!)

Не ја познаваат. Си има повисок критериум од мене.

До крајот на вечерта го терам (на шала) Д да признае дека ме мрази! Вика дека ако не ме поднесуе дека не значи дека ме мрази. Као он е над тоа! Те знам пријателе. Не можеш со мене, ама ни без мене! животот ќе ти помине залудно ако ја бркаш НЕА и ти го знаеш тоа. А, бидејќи јас те соочив со тоа - не можеш да ме поднесеш.

Не ја поднесуваш својата слабост. Ни јас мојата. Затоа ми годиш.

Зошто мажите не застануваат после н- тиот обид и не ги согледаат работите пореално?

Им трба љубов. Јас љубов имам премногу - што би се рекло за тоа ме бидува! Ќе се обидам, некој ќе најде начин ако не сум тоа јас. Мора да постои начин да се заработи.

п.с. има и жени кои се желни за љубов. Јас не сум модeрна. Не сакам жени.

Приказни за Bella B.

Си одев по патот смирено и полека. Како секогаш кога некој се движи по патека која му е добро позната. Застанав на тобако (обично одам по паркинг) да си купам пченка, ми стана ритуал кога пијам црвено вино. Стигнав и пред Круг. Не гледам многу пред себе , па ме изненадија некои познати и се помина како еј јас идам вие си одите, али без некоја нескромна важност. Се гледаме пријателе. А, со ТЕБЕ не се поздравивме. Ни јас ,ни ти. Во Круг - стандард. Си нарачав вино. Ја завртев скроз работава оваа година. Решена сум - ќе пијам црвено вино уште еден месец! После ќе се преобратам накај Кубалибре или џин тоник. И така си седнувам јас на шанк. Муабет- слабо. Некој фудбал оди на ТВ. Коментираме онака ко да ни мине времето. Завршува фудбалот. Ни се приклучува Д (казна божја ми се овие на Д!) а, после него и Малото.

Им викам дали можеби веруваат дека е можно да постои такво нешто како љубовна проституција? Ме гледаат бледо. Објаснувам.

љубов за пари. Жени кои ќе љубат некого (искрено!) за одредена сума на пари. Не спонзоруши. Пак ме гледаат бледуњаво. Што е тоа љубов, ми вика Д?! Што е љубов за тебе, му викам јас? Се обидува нешто. Кажува нешто. Да, му викам би платил ли за тоа?

Мислиш ли дека повеќе луѓе бараат љубов него ли секс? Да. Само што љубовта со пари не се купува вика З.(знам)

Ама нели има девојќи кои љубат и се заљубуваат повеќе од останатите? Не зборам за симулација. Проститутките не симулираат секс, нели? Пак ТИЕ - љубовта не се купува! Знам, ама ако сексот не се доживува исто , зошто и љубовта би морала? Значи проститутката на љубов нема да е баш најсреќна во љубовта. Ќе мора на секои шест месеци да менува партнер (што е некаде реално просек и за оние кои не се тоа- проститутки).Тие- не сфаќаме што сакаш да кажеш?

Сакам да кажам дека луѓето(мажите) би плаќале најмногу за онаа која би направила да се чуствуваат најсакани!

(Нема врска- тие сеуште мислат на секс!) Решив - не се фрустрирам. Им велам, барем размислете. Кога плаќаат за секс зошто не би платиле за љубов? За искрена љубов. Тоа што ја плаќаш не значи дека не постои! Сексот што го плаќаат конзументите на реалните проститутки Е реален!

Не е морален. Што,а како некој знае што е а, што не е морално?!

Легни си да спиеш Bella B. и сонувај љубов!