| Си одев по патот смирено и полека. Како секогаш кога некој се движи по патека која му е добро позната. Застанав на тобако (обично одам по паркинг) да си купам пченка, ми стана ритуал кога пијам црвено вино. Стигнав и пред Круг. Не гледам многу пред себе , па ме изненадија некои познати и се помина како еј јас идам вие си одите, али без некоја нескромна важност. Се гледаме пријателе. А, со ТЕБЕ не се поздравивме. Ни јас ,ни ти. Во Круг - стандард. Си нарачав вино. Ја завртев скроз работава оваа година. Решена сум - ќе пијам црвено вино уште еден месец! После ќе се преобратам накај Кубалибре или џин тоник. И така си седнувам јас на шанк. Муабет- слабо. Некој фудбал оди на ТВ. Коментираме онака ко да ни мине времето. Завршува фудбалот. Ни се приклучува Д (казна божја ми се овие на Д!) а, после него и Малото. Им викам дали можеби веруваат дека е можно да постои такво нешто како љубовна проституција? Ме гледаат бледо. Објаснувам. љубов за пари. Жени кои ќе љубат некого (искрено!) за одредена сума на пари. Не спонзоруши. Пак ме гледаат бледуњаво. Што е тоа љубов, ми вика Д?! Што е љубов за тебе, му викам јас? Се обидува нешто. Кажува нешто. Да, му викам би платил ли за тоа? Мислиш ли дека повеќе луѓе бараат љубов него ли секс? Да. Само што љубовта со пари не се купува вика З.(знам) Ама нели има девојќи кои љубат и се заљубуваат повеќе од останатите? Не зборам за симулација. Проститутките не симулираат секс, нели? Пак ТИЕ - љубовта не се купува! Знам, ама ако сексот не се доживува исто , зошто и љубовта би морала? Значи проститутката на љубов нема да е баш најсреќна во љубовта. Ќе мора на секои шест месеци да менува партнер (што е некаде реално просек и за оние кои не се тоа- проститутки).Тие- не сфаќаме што сакаш да кажеш? Сакам да кажам дека луѓето(мажите) би плаќале најмногу за онаа која би направила да се чуствуваат најсакани! (Нема врска- тие сеуште мислат на секс!) Решив - не се фрустрирам. Им велам, барем размислете. Кога плаќаат за секс зошто не би платиле за љубов? За искрена љубов. Тоа што ја плаќаш не значи дека не постои! Сексот што го плаќаат конзументите на реалните проститутки Е реален! Не е морален. Што,а како некој знае што е а, што не е морално?! Легни си да спиеш Bella B. и сонувај љубов! |
Friday, June 22, 2007
Приказни за Bella B.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment