Инспирирано од 8 Септемвриската скара во Соње
Сигурно во некој момент од животот сте си помислиле колку само животот би бил полесен и поубав ако постои едно нешто што ги решава сите (или скоро сите) проблеми! Така размислуваме и моето друштво и јас за време на нашиот излет во Соње, и тогаш Зоче, кој е попознат како Мајсторор или, ако веќе сте запнале - Инжинерот ја кажа својата голема мудрост - трактатот за чеканот! Ова подолу е се што од него остана во мојата глава иако беше многу поопширен и сеопфатен! Уживајте!

1. Главоболка
Ако те боли глава, а поготово ако е утро, а ти претходната вечер или ноќ си пиел и си направил нешто што никако не си требал да го направиш, ти треба нешто за ослободување од болката и вината - и бараш нешто јако. Апчето ќе ти помогне со главоболката, но не и за вината што те мачи. Решение - ЧЕКАН! Еден силен замав кон темето на главата и тоа е се што вие потребно!
п.с. Мавајте строго по сопствената глава!
2. Фрустрации
Олеснителна околност би било ако работите со алат, па чеканот ви е секогаш на располагање! На работа сте! Некој од вработените или шефот ве изнервирал! Лоша ситуација! Нешто не функционира, ма што вие правеле не сака да се оправи? Се што ви е потребно е еден поголем ЧЕКАН и фала Богу, нешто на што му треба исправање ( а по работилници ова го има во изобилство) или искривување!
п.с. Мавајте само по неживи предмети, морам да нагласам - само неживи!!!
3. Поправки
Тостерот не работи? Колата ви прокува? Ви се дупна гума на точакот? Сето тоа е многу фрустрирачко, и иако советот број 2 важи тука , сепак проблемот останува и потребно е дополнителлно оправање! Мавни со ЧЕКАНОТ, па проработело или не, барем се обиде нели?
п.с. Некое време во деведесетите кружеше некоја фама дека ако нешто се расипе и ако жена го тресне силно неколку пати со чекан ека одма ќе се оправи!
4. За фалење
Секогаш кога нешто се работи, во двор, пред зграда или во маало, безразлика дали се собира ѓубрето, некој си го поправа купатилото или есенско спремање на ајвар, добрите фраери (во случајов наречени - мајстори) секогаш носат со нив ЧЕКАН . И си знаете - колку поголем чекан - толку поголем мајстор!
5. Разно

No comments:
Post a Comment