Во исчекување
Зашто е крајот последен?
Зашто едноставно не пропаднеме
кога единствено нешто што ни останува
како остаток
се остатоците?
Можеш да смениш се. Можеш да се смениш и себе си. Не можеш да го смениш фактот дека засекогаш губиш дел од себе, од светот од единството. Стануваш остаток. И? И, како сега? Нов живот. Со кои сили? Целта е самата цел? Крајот на делото е целта на постоењето на делото? А, кој уште твори? Зошто чекам? Си ветив дека никогаш повеќе нема да чекам, да не спијам ноќе
умирајќи од став дали...и како...
А, таква е ситуацијата, да МОРАМ да почекам.
Кој чекал - знае!
Во исчекор
Што се мора, се мора. РеШителноста никогаш не ми го попречила патот досега. Ниту стравот, реално...а, сум се откажувала од страв. До сега не гледав на промашувањата како на лекции, туку како на срам, срам од кој смрди душата и боли срцето. Сега само чекорам...Како во транс, како да не сум повеќе поврзана со невидливата нишка која ме припојуваше до светот.
I am floating freely
I have not the answers
Monday, September 17, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment