Не си го продавај Кољо чифликот
мама не ме дава Кољо за тебе...
Свадбите имаат многу позитивни страни. Се разбира само доколку не се работи за сопствената свадба. Тогаш, за жал има еден куп стресни страни и по некој блескав момент, кој обично го усеруваат разлипани родители, кои не ви се верува дека се лигават! Да не претерувам, ама сум била на секакви свадби!
Оваа синоќа беше одлична по сите мои стандарди! Значи следуваат моите стандарди според кои една свадба е одлична и плус само неколку забелешки:
1. За да е пријатна свадбата МОРА да биде за најмногу 150 луѓе. Сеа тие што сакаат гоооолеми свадби ќе речат е, зошто де? Па затоа што ако се случува свадбата во лето пеколно како ова (а обично во лето се) едвај издржавме да не поцркаме 150 луѓе со се еркондишните на максимум, а камо ли 350!!!
2. Сите оние што ја делат свадбата за "стари" и за "млади" не знаат што пропуштаат! ПОа токму тој коктел на најмалку 3 генетации ја прави веселбата најинтересна! Понекогаш знае со играњето да ве изненади некој вујко, или некое внуче кое оди на играорна! Баба ви може да испадне и денсинг квин на вечерта!
3. За пријатен доживљај на гостите, и ако не сакате многу да ги гњавите гледајте сите традиционални елементи и обичаи да ги сведете на културен минимум! Сепак се работи за веселба ПОСЛЕ обредот на венчавање! Значи, сликање на влез е ок, првиот валцер е ок и ората за зетот и невестата се ок, но послужување со ракија, бацување раце за пари и остали зафати - НЕ!
4.Музиката е секогаш скоро добра на сите свадби. Што и да им пуштите/одсвирите ќе биде ок, само не претерувајте со караокето и никако не дозволувајте му/и и на свадбениот/та пејач/ка да прави " 12 величенствени" од вашата веселба! Значи народно, орца и малку рокче е одлична комбинација!
5. Ова би дошло како сумирање на крајот : дајте ја вечерата во 9 и 30 и веселете се до 12. Се повеќе би било претерување. Постарите гости ќе си отидат и без тоа порано, а помладите веќе одамна се пијани!
Е, сега малку критики за однесувањето на гостите!
- постарите госпоЃи се молат да се заклучуваат во купатило, да користат тоалетна хартија и секако да пуштат вода после завршувањето работа!
- постарите господа се молат да не зјапаат бледо во помладите госпоѓици затоа што тоа е толку бедно што едвај можам зборови да најдам!
- младите госпоѓици нека се дотерани, ако, ама тоа да не е а ла пајнер бугарските принцези, туку вкусно, како што налага дрес кодот за една ваква свеченост!
- младите господа да не досаѓаат со прашања како: може да се фатам до тебе на оро? или сакаш ли да играме?! Едноставно бидете храбри и фатете се! Бидете галантни и донесете или нарачајте пијалок прво, па после барајте нешто! Значи дајте малку, побарајте малку!
- И за на крај се молат сите млади мајки и млади татковци БЕБИњАТА да си ги остават дома за да спијат и да не ги вознемируваат со гласна музика и зачадени простории и испотени прсти што ги штипкаат!!!
The bride sighns out for the night...and what a night that was!